Овие потресни фотографии покажуваат мали руски деца затворени поради протести против инвазијата на нивната земја во Украина, пишува Њу Јорк Пост.
Фотографиите беа споделени од опозициски политичар откако илјадници ширум земјата беа приведени поради изразување противење на војната на Владимир Путин.
На фотографиите се гледаат деца на училишна возраст во задниот дел на полициско комбе во Москва по учество во анти-воени протести.
Децата биле задржани кога отишле да положат цвеќе во градската украинска амбасада.