• Latest

Руско-украинската криза и Северна македонија во фокусот на ЦИВИЛ, Украина има силна поддршка од западната цивилизација

February 9, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Руско-украинската криза и Северна македонија во фокусот на ЦИВИЛ, Украина има силна поддршка од западната цивилизација

February 9, 2022 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НАСТАН НА ДЕНОТ

Во фокусот на ЦИВИЛ: Руско-украинската криза и Северна Македонија

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија на тема „Руско –украинската криза и Северна Македонија“ како дел од серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“.

Учесници на панелот беа Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук, раководителката на проектот „Дезинформациите и информациската дисторзија во Северна Македонија“, Росана Алексоска од граѓанската асоцијација МОСТ, деканка на правниот факултет на универзитетот „Визион“ – Гостивар и прва жена докторантка на Воената академија, Весна Попоска, како и новинарите и аналитичари Александар Николиќ Писарев и Љубомир Костовски. Дискусијата ја модерираше  Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦивилМедиа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Задорожњук: Имаме силна поддршка од западната цивилизација кои ја разбраа суштината на рускиот режим и руската политика

„Имаме една од најмоќните армии во светот. Имаме силна поддршка од земјите од западната цивилизација, кои ја разбраа суштината на рускиот режим и руската политика. Денес Русите доаѓаат по Украина, а утре по Полска, Романија, Балтичките земји, земјите од Балканскиот регион.

Заедно со нашите сојузници формулиравме три насоки за одвраќање на Русија – дипломатско-политичка, економско-санкциона и воено-техничка. Политичката е солидарност со Украина, економската е зајакнувањето на политиката на санкции што ја прави Русија многу послаба, а третата е воената помош, обезбедувањето на одбранбено оружје.

Во оваа насока, исто така, очекуваме јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателската Северна Македонија. Очекуваме приклучување кон санкциите на Европската Унија (не може да се седи на две столчиња, има моменти во животот кога треба сам да одлучиш, пред се на која страна од барикадата си. Украинците имаат многу убедливо негативно искуство со неутралноста). Ако одиме во ЕУ и НАТО, ако сме дел од европските вредности, тогаш тоа го демонстрираме не само со зборови, туку и со нашите постапки и дела“, изјави меѓу другото Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук на панелот на ЦИВИЛ „Руско -украинската криза и Северна Македонија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 став 3 и член 13 став 2 од Правилникот за внатрешниот ред на Собранието на Република Македонија поднесен од политичка партија Левица од Скопје.

ЛАЖНИ ВЕСТИ Аналитичарот Ненад Јовановски, на својот Фејсбук профил објави демант на  текстот објавен на порталот Република, во кој се тврди дека Јовановиќ бил на платниот список на Општина Тетово.

ЗЕЛЕНИ Следен предизвик за Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово и Владата ќе биде создавање на таканаречена „Зелена зона“ со дополнителни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.  Според министерот за економија Крешник Бектеши, ова е доказ дека јавно приватното партнерство на Владата со компанијата Нормак Груп за ТИРЗ Тетово е успешно на повеќе нивоа.

ИЗМАМА Од АД „Пошта на Северна Македонија“ испратија предупредување до јавноста дека на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка.

МВР Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022), во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен, беа запленети 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра

СЛОБОДНА ЗОНА

„А, всушност, отсекогаш се работело само за тоа дека треба да се поапсат неколку свои партиски членови со „долги прстиња“ од локалната самоуправа кога ќе им дојде времето за апсење (по игра на случајот, знам некои од батките на ВМРО од Аеродром и Ново Лисиче кои Тимчо не ќе смее ни во очи да ги погледа за доброутро); и на Зоран Ставревски, кога ќе го испрати Христијан Мицкоски во општината, да му се каже НЕ. Може ли Муцунски тоа да го направи? Не може. И џабе му се и Конрад и Јустинијан после во проектот.“, прочитајте во колумната на Сашо Орданоски „Јустинијан и Конрад од Ново Лисиче“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ