Уставниот суд денеска ја одржа четвртата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи расправата и одлучувањето по предметот од Подносител: Политичката партија ВМРО–ДПМНЕ и м-р Стојанче Геровски – адвокат од Скопје се одложи за една од наредните седници на Судот
Уставните судии ја отфрлија иницијативата за оценување на уставноста на член 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во делот: од подносителот: Весна Спировска од Скопје
У*ставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста на член 43 став 3 во делот: „или за гласање во советот“ од Законот за локалната самоуправа од подноситеот Унија на потрошувачи на Македонија – УПОМ.
На денешната седница Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по претставката на подноситеот проф.д-р Јове Кекеновски, за оценување на законитоста на неколку членови од Статусите на Економскиот факултет – Прилеп Правниот факултет – Кичево; педагошкиот факултет–Битола; и на техничко-технолошки факултет-Велес во согласност со Законот за високото образование и ја отфрли иницијативата за оценување на усогласеноста на наведените одредбите со Статутот на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ Битола
Исто така, Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 став 3 и член 13 став 2 од Правилникот за внатрешниот ред на Собранието на Република Македонија поднесен од политичка партија Левица од Скопје
Уставните судии ја укинаа Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош од подносителот Невена Герогиевска од Скопје