Зборувајќи за случајот „Империја“ во кој еден од обвинетите е бизнисменот Јордан Камчев како и за случајот „Плацеви на Водно“ поради кој тој остана во притвор и покрај понудената гаранција во готвина и во недвижен имот, обвинителката Вилма Русковска е децидна дека тој ќе остане во притвор и понатаму.
-Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во гостувањето во Утрински брифинг.
Во однос на случаите во кои е обвинет поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, обвинителската рече дека и за него има индиции за бегство.
Извор: Слободен печат