Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Рускоска и посочува дека сè уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.
– Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите, наведува Рускоска, во изјава за Дојче веле.
Информира дека сè уште трае вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што и беше одземен во понеделникот и дека, од тој аспект, нема нови моменти во истрагата.
Русковска вели дека „не контактирале други обвинители и истражители од СЈО“ во врска со случајот „Рекет“, како и за предметот „Империја“.












