Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, изјави дека нема да бара од полицијата да ги следи Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски.
По фамозната седница на којашто требаше да му се одземе имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, но не му се одзема првично заради отсуство на глас, па потоа заради прекин на седницата од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери, Русковска вели дека доколку се случи Вељаноски и Димовски да избегаат – „нека му ја мисли Собранието“.