• Latest
Добро утро со Орданоски

Русофобијата се шири побрзо од омикрон

March 7, 2022
Фото: Скриншот од видео на
euronews

Макрон ќе понуди „научни докази“ пред американскиот суд за да докаже дека неговата сопруга, Брижит е жена

September 18, 2025
industrial-cooling-towers-energy-facility
Source> Freepik

Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа

September 18, 2025
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Русофобијата се шири побрзо од омикрон

Во денешниот 24/7 поврзан и меѓузависен свет, потполно непотребната војна во Украина не произведува хистерија, страв и гнев само во бомбардираните украински градови, туку таа трагедија резонира и во најдалечните агли и меѓу обичните луѓе на Стариот континент.

March 7, 2022 06:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Западниот бран од откажувања и забрани за настапи на руските уметници и спортисти е една од оние заканувачки последици што големите воени виори, како кога со голема секира се сече тенко дрвце, ги шират и врз општествените области кои не се на „теренот“ на воено-политичките операции и агресорските пропагандни машинерии. Во изминатите десетина дена се откажани или одложени стотици помали и поголеми културни и спортски настани во кои изведувачи се руски уметници или спортски поединци и репрезентации што ги бранат боите на Русија.

Размерите на овие поединечни и групни акти се такви што со право може да се говори за ширење, со брзина на вирусот омикрон, на масовна „цивилна“ русофобија, особено на Европскиот континент. Се работи за вистинска анти-руска емотивна лавина која носи сѐ пред себе. Музеи, концертни куќи, изложбени салони, театри, фестивали, филмови во процес на снимање, големи и мали спортски натпревари, цели спортски првенства, дури и ресторани, па и универзитетски институции, ги откажуваат соработките со руските претставници или сопственици, а настрадуваат и изведбите на делата на одамна починатите гиганти на руската култура и уметност. А, којзнае уште колку се непријатните лични стории за „обичните“ Руси кои, само затоа што се Руси, се изложени на вознемирувања и други непријатности вон својата татковина.

Го заслужуваат ли овие луѓе тоа? Дали се тие виновни за освојувачките ужаси што Путиновиот воинствен режим ги предизвикува во Украина, ескалирајќи ја својата нуклеарна закана и кон цела Европа и светот?

Рационалниот одговор е едноставен: секако НЕ.

Работите, сепак, никогаш не се така едноставни…

ХАЈДЕГЕР И НАЦИЗМОТ

Еден од најголемите 20-то вековни германски филозофи, Мартин Хајдегер, станал член на Нацистичката партија во мај 1933 година, откако Хитлер беше избран за германски канцелар на крајот од јануари истата година, и само месец дена по Хајдегеровото именување за ректор на прочуениот Универзитет во Фрајбург. (Неговиот претходник на ректорската позиција бил итно сменет, бидејќи одбил да постави антиеврејски плакати низ универзитетската зграда, но и самиот Хајдегер ќе си даде оставка од ректорската функција веќе во април 1934 година.) Тоа се години кога многумина и на Запад, меѓу кои и видни политичари и државници, биле воодушевени од почетните успеси и социјалните реформи на „австрискиот молер“, а и по лондонските кино сали му се аплаудирало на „филмските вести“ од случувањата во Германија, пред проекцијата на репертоарските филмови.

Да ја скратиме долгата (и позната) приказна на кратко, Хајдегер никогаш не излезе од национал-социјалистичката партија до нејзината забрана на крајот од Втората светска војна, а ни по неа никогаш јавно не се дистанцираше од злоделата на нацизмот и Холокаустот, како и од самиот Хитлер, за кого тврдел дека неговата појава била „неопходност за Германија“. Веднаш по војната е отпуштен од Фрајбуршкиот универзитет, со забрана да држи предавања. Француската воена истрага, водена до 1949 година, не нашла докази за негово кривично гонење, а на почетокот од педесеттите години му е повторно дозволено да држи факултетски предавања, но како обичен професор.

СУДБИНАТА ТАКА САКАЛА?

Целата оваа голема историска контроверза со Хајдегер предизвика многубројни и долгогодишни спротивставени анализи на десетици негови помалку или повеќе прочуени колеги филозофи, во чии студии се тврди или оспорува дека и во продорните филозофски теории на Хајдегер, со кои ја задолжил глобалната филозофска мисла, силно влијание има неговиот политички светоглед. Во 1966 година се согласил на интервју за двајца новинари на германскиот неделник „Шпигел“ (занимливо, едниот од нив и самиот поранешен висок наци-офицер), под услов тоа да се објави по неговата смрт, што е и направено во мај 1976 година. Во него, меѓу другото, тој објаснува дека со своето партиско нацистичко членство се обидувал да го заштити Универзитетот да не биде сосема преземен од нацистите, а дека во нив и во харизматичниот Хитлер гледал како на шанса за германското „будење“ за нов поредок што би бил „на средина“ помеѓу капитализмот и социјализмот.

Во средината на осумдесеттите од минатиот век, еден друг прочуен германски филозофер, Јирген Хабермас, ќе заклучи за Хајдегер дека „тој сосема ги раздвоил своите (политички – м.з.) активности и изјави од самиот себе како емпириска личност и ѝ ги припишал на судбината за која некој не може да биде сметан за одговорен“.

Што ми е зборот, ако оваа макар и површна паралела помеѓу Хајдегер и нацистичкиот режим со денешните руски уметници и научници, во однос на еден друг недемократски режим, како овој на Путин (што е на солиден пат да предизвика нова воена катастрофа од историски меморабилни размери), веќе не делува конфузно?

ДИРИГЕНТОТ НАД ГЕРГИЕВ

Па, одговорот е едноставен: не мора да чекаат да го видат крајот на Путиновата трагична ролја во светската историја, за уште сега јавно да се дистанцираат од Путиновиот режим. За илустрација, земете го примерот со Валери Гергиев, за кого велат дека е најголемиот жив диригент во светот…

Гергиев минатата недела беше церемонијално отпуштен од шеф-диригентското место, што го држеше од 2015 година, во престижната Минхенска филхармонија (Минхен, инаку, е збратимен град со Киев), поради неговото одбивање јавно да се произнесе против Путиновата инвазија на Украина. На овој чин му претходеа или следуваа, со молскавична брзина, едностраното раскинување на долгогодишните концертни соработки на Гергиев – за кого неговиот поранешен менаџер вели дека е „исклучително човечко суштество со длабоко чувство за доблест“ – со Миланската „Скала“, со Фестшпилхаус од Баден Баден, со Хамбуршката филхармонија, со филхармонискиот оркестар во Ротердам (со кого од 1996 година предводи фестивал секоја година), како и неколку настапи со Виенската филхармонија по најпрестижните концертни дворани во Европа и САД.

Но, во извесна смисла како и Хајдегер, Гергиев е прононсиран личен пријател и долгогодишен поддржувач на Путин, на неговите политики и неговата партија, за чии изборни кампањи има снимано и промотивни телевизиски спотови. Треба ли и неговите политички постапки како „емпириска личност“ (Хабермас) да се одвојат од неговата уметничка генијалност и да се третираат како судбински, за што тој/таа не може да се повика на јавна одговорност?

ОТРОВОТ НА РУСОФОБИЈАТА

Очигледно, многумина и во светот на европската концертна музика (таму, барем, не може да се негира извесна генерална цивилизираност) се на ставот дека таквата „двојност“ помеѓу политиката и изведувачката уметност не може да се толерира. Уметничките перформери – како и спортистите, научниците, политичарите или војниците, во крајна линија – се суштински поврзани со хуманоста на своите јавни и симболични позиви, па при политички произведени настани со масовни човечки катастрофи, „неутралност“ не се прифаќа, а јавниот молк сеедно се третира како „активно“ заземање страна.

Тоа е многу вознемирувачка непријатност за многумина од јавниот свет кои се мислат – а и реално се – незаинтересирани за геополитичките или воените настани. Но, во денешниот 24/7 поврзан и меѓузависен свет, потполно непотребната војна во Украина не произведува хистерија, страв и гнев само во бомбардираните украински градови, туку таа трагедија резонира и во најдалечните агли и меѓу обичните луѓе на Стариот континент кои сега и од обичните Руси (како, своевремено, и од обичните Германци) бараат да се изјаснат дали го поддржуваат Путин или не.

За тоа, пред сите нас, за доброто на сите Руси, прв требаше да мисли токму Путин. Обврската таа работа да ја расчистат со Путин е на самите Руси. Колку подолго чекаат, а трагедијата во Украина се зголемува, толку повеќе ќе расте и русофобијата, таа ирационална, ужасна мешавина на страв и омраза што полека го труе Европскиот континент.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    196 shares
    Share 78 Tweet 49
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ