• Latest

Руте: На 14 октомври почнува годишната воена нуклеарна вежба на НАТО

October 10, 2024
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руте: На 14 октомври почнува годишната воена нуклеарна вежба на НАТО

October 10, 2024 15:34
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте најави дека Алијансата на 14 октомври ќе ја почне својата годишна нуклеарна вежба „Стедфаст нун“ (Steadfast Noon).

Домаќини на воената вежба на НАТО, што ќе трае околу две недели, се Белгија и Холандија, а ќе учествуваат борбени авиони Ф-35А и бомбардери Б-52, шеесетина авиони од 13 држави и околу 2.000 војници. Во вежбата нема да се користи боево оружје, а ќе се симулира како воени авиони носат американски нуклеарни глави.

– Во несигурниот свет од витално значење е да ја тестираме нашата одбрана и да ја зајакнеме одбраната, за нашите противници да знаат дека НАТО е подготвен и способен да одговори на секоја закана, истакна Руте во Лондон по средбата со британскиот премиер Кир Стармер и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Руте истакна дека воената вежба на Северноатлантската алијанса особено ќе се фокусира на Велика Британија, Северно Море, но и на Белгија и Холандија.

Русија минатиот месец соопшти дека би можела да употреби нуклеарно оружје доколку биде погодена од конвенционални ракети, како и оти за Москва секој напад извршен со поддршка на нуклеарна сила ќе го смета како заеднички напад.

Помошникот генерален секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли наведе дека воената вежба не е одговор на неодамнешните изјави на Русија и оти истите се одржуваат секоја година повеќе од една деценија.

– Ние не се адаптираме на она што е кажано или не е кажано кој било ден, посочи помошникот генерален секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли.

Тој истакна дека воените вежби се важни за да се покажат нуклеарните способности на НАТО и да се одврати каков било напад.

– Се обидуваме да ги одвратиме сите противници, а првенствено Русија, на неколку различни начини, вклучително и конвенционално одвраќање. Но, тоа секогаш е поддржано со нуклеарно одвраќање, посочи Лапсли, додавајќи оти Алијансата во моментов е фокусирана на обезбедување на кредибилитетот и безбедноста на своето нуклеарно одвраќање.

МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ