• Latest

Се намалува бројот на болни од туберкулоза

March 23, 2018

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се намалува бројот на болни од туберкулоза

March 23, 2018 15:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија во последните десетина години во континуитет се бележи постојано намалување на вкупниот број новорегистрирани случаи на туберкулоза, изјави денеска Билјана Илиевска Попоска, претседател на Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија, по повод Светскиот ден на туберкулозата – 24 Март. 

– Во 2017 година откриени се 220 случаи на туберкулоза, што е значително помалку во споредба со 2016, кога беа откриени 267 случаи на туберкулоза, така што стапката на тбц во текот на минатата одина се намали на 10,3, што ја води Македонија кон земји со ниска стапка на инциденца на туберкулоза, рече Илиевска Попоска.

Според неа, туберкулозата се уште е болест на младата популација, најмногу е застапена возрасната група од 35 до 44 годишна возраст, а веднаш по неа се најстарите пациенти над 65 годишна возраст, кои беа најбројни во 2016 година, додека лани веднаш по возрасната група од 35 до 44, речиси подеднакво се застапени сите возрасни групи каде што се јавува туберкулозата.

Во однос на полот, кај мажите почесто се јавува болеста за разлика од жените.

– Во Македонија исто така намалена е и смртноста од туберкулоза. Во 2017 регистрирани се седум смртни случаи од туберкулоза што е значително помалку во однос на 2016 година кога беа регистрирани 21 смтен случај од болеста, рече Илиевска Попоска.

Истакна дека минатата година се бележи значително намалување во однос на детската туберкулоза, односно појава на болеста кај деца од нула до 14 години.

Во Македонија ризични популации за појава на болеста се затворениците, како и лицата кои престојуваат во психијатриските установи, бидејки тоа се затворени колективи каде што инфекцијата може лесно да се прошири. Во текот на минатата година во затворите се регистрирани десет нови случаи со тбц, а во психијатриските болници седум нови случаи, што е слично и во однос на претходните години.

Додаде и дека во однос на резистентните форми на туберкулоза, во Македонија овој број не е висок, во 2017 е регистриран само еден случај со т.н. мултирезистентна форма на тбц.

Туберкулоза

– Постои Национална стратегија за борба против тбц за 2018-2022, каде се вметнати сите активности кои се потребни за туберкулозата да го задржи овој позитивен тренд на намалување и во наредните години да се вброиме во земји со ниска инциденца на болеста, додаде Попоска.

Рече и дека откривањето на туберкулозата е доста тешко а излекувањето на пациентите не е на задоволитено ниво.

– Болеста се карактеризира со симптоми кои не се многу специфични и може да наликуваат на други белодробни заболувања, но кај туберкулозата постои кашлица која е пролонгирана подолго од три седмици или подолго од еден месец, рече Илиевска Попоска.

Директорот на ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Предраг Божичковиќ, каде што се одржа стручен состанок по повод Светскиот ден на туберкулозата, рече дека во последните десет години со напорите на лекарите и професорите од Институтот, за една третина се намалени случаите на заболени од туберкулоза.

Го посочи проблемот што не постои катедра за белодробни заболувања, каде што лекарите би се едуцирале за оваа болест.

Зорица Нановиќ раководител во Институтот, рече дека од 1 ноември 2017 до денес во Институтот се лекувани вкупно 53 пациенти болни од туберкулоза.

– Дваесет и еден пациент се помлади од 38 години, тоа е работоспособното население што е продуктивно, и тоа претставува економско оптоварување бидејќи за лекување на болеста пациентиот треба да биде под терапија шест месеци, рече таа.

Најдрастичен случај кшто го имале на Институтот е бебе од седум дена чиј татко бил хоспитализиран со туберкулоза.

На Светскиот ден на туберкулозата 24 Март се организираат собири се даваат совети и информации до широката јавност, со цел да се проговори за појавата на туберкулозата на глобално ниво, којашто се уште претставува епидемија од светски размери.

Мотото под кое Светската здравствена организација го одбележува Светскиот ден за борба против туберкулозата е „Потребни се лидери за крај на туберкулозата“.

СЗО до 2035 година има поставено цел за искоренување на туберкулозата на глобално ниво.


извор: МИА

Tags: Билјана Илиевска ПопосканамалувањеСветскиот ден за борба против туберкулозататуберколоза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ