Твитер заедницата со бројни коментари по исклучувањето на Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Митко Јанчев… од ВМРО-ДПМНЕ.
„Едвај чекам да го исклучат ВМРО од ДПМНЕ и да го вратиме на историјата. Нормално, забрана за користење во иднина“.
„Им пееја песни, им пишуваа книги, ги сликаа на платно, ги тетовираа… и сега ги исклучуваат“.
„Александар Николовски од Велгошти го избрка Сашо Човекот Мијалков од ВМРО“.
„Добиле наредба од штаб да го лепат Мијалков на се што не е ВМРО. Демек сите ние ќе спиеме и ќе чекаме да ни кажат како они немаат никаква врска со него. Лош спин, Илија си потфрли со оваа стратегија. Може сте го исклучиле, но тој си е ваш товар, не на граѓаните, да си го носите“.
„Сабајлево се успав, ВМРО и алармот ми го исклучиле“!
„Абе кој ми ја исклучи водата на пола туширање, шо да правам сега цел со шампон“!
„Се очекува исклучување на Гоце Делчев од ВМРО“.
„ДПМНЕ ќе го исклучеле Началникот, Тодоров јер криминалци. Н.Г. не, јер он е чесен, уствари е почесен претседател, претседател на партијата“.
Д. Муратов