• Latest
Фото: Скриншот

САД се соочуваат со критики дека го напуштиле Мјанмар по разорниот земјотрес, кога беа најпотребни

April 11, 2025
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД се соочуваат со критики дека го напуштиле Мјанмар по разорниот земјотрес, кога беа најпотребни

Смртоносниот земјотрес во Мјанмар ја изложува празнината што ја оставија САД во глобалните реакции при катастрофи

April 11, 2025 09:40
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Додека Мјанмар разрушен од граѓанска војна се бори да се опорави од разорниот земјотрес, САД се соочуваат со критики дека ја напуштиле земјата кога беа најпотребни – и им го отстапуваат глобалното лидерство во одговорот при катастрофи на своите ривали, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој се случи на 28 март и уби илјадници луѓе, е првата голема природна катастрофа откако администрацијата на Трамп откажа милијарди долари од програмите за спасување животи во рамките на нејзината настојба да ја разбие Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), главната американска агенција за хуманитарна помош.

УСАИД го администрираше најголемиот дел од странската помош на Америка – 61% од вкупниот буџет од 71 милијарда долари во 2023 година. Но, откако ја презеде функцијата во јануари, администрацијата на Трамп отпушти илјадници свои вработени и намали 83% од програмите на УСАИД – вклучувајќи го персоналот и програмите кои работат на помош на Мјанмар. Во средата најавија и дека ќе биде отпуштен целиот странски персонал.

Тие намалувања се почувствувани во слабиот одговор на САД на земјотресот во Мјанмар, според експертите, откривајќи ја празнината во меѓународните мерки за помош за големи катастрофи.

„Тоа навистина му покажува на просечниот граѓанин на Мјанмар дека САД ги напуштиле“, изјави Франциско Бенкосме, поранешен висок советник за политика на УСАИД, за Си-Ен-Ен.

„Не само што Соединетите Држави испратија само мала количина помош, туку испратија само тројца работници, кои потоа беа отпуштени додека беа на теренот во Мјанмар и пружаа помош“.

Тројцата вработени во УСАИД беа отпуштени минатата недела, во рок од неколку дена по пристигнувањето во Мјанмар – добија известувања дека нивните улоги ќе бидат елиминирани во наредните месеци – потврди за Си-Ен-Ен, поранешната висока функционерка на УСАИД, Марсија Вонг.

Д. Мишев

Tags: земјотрес во МјанмарСАДУСАИД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ