• Latest

Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии

April 26, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии

April 26, 2023 15:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакната соработка и силно приватно – јавно партнерство во насока на градење на просперитетни економии преку дигитализација, стратешко лидерство и успешна општествена трансформација е централна тема на годинешниот Самит Македонија 2025, што започна денес, а ќе трае и во текот на утрешниот ден. На самитот кој годинава се одржува по 12-ти пат, над 40 говорници ќе зборуваат пред повеќе од 500 гости.

Извршната директорка на Македонија 2025, Никица Моjсоска Блажевски, во своето обраќање на отворањето на Самитот, потсети за улогата и мисијата на организацијата.

„Наша главна заложба уште од основањето на Македонија 2025 е поддршка на напредокот на земјата, преку вклучување на македонската дијаспора во актуелните случувања во земјата во насока на градење на силна и просперитетна нација. Сите ние имаме одговорност пред нашите семејства и идните генерации да обезбедиме подобра и попросперитетна иднина, повисок животен стандард и квалитет на живот. Во таа насока ние се стремиме преку нашите активности да ги обединиме сите засегнати страни, да ги усогласиме клучните приоритети и да работиме кон постигнување на целите. Искрено верувам дека Македонија 2025 преку своите активности и програми, вклучително и Самитот ќе придонесе кон развој на земјата“.

Од своето основање досега Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

На отворањето на Самитот се обрати и претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој ја истакна важноста на приватниот сектор за развојот на економијата. Ковачевски зборуваше и за економските реформи, инвестициите и предизвиците со кои се соочува земјата.

Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Одборот на директори на Македонија 2025 на Македонија2025 разговараше со Роберт Доар, директор на Американскиот Институт за Претпријатија (АИП) на тема долгорочен економски развој, улогата на „тинк-тенк“ организациите во иницирање на економски реформи, како и најновата иницијатива на АИП наречена „Иницијатива за американски сон“.

Мајк Зафировски се осврна на наодите од извештајот на Светска Банка за Западниот Балкан, потенцирајќи дека закрепнување на економиите може да се случи преку структурни реформи, отчетност на институциите, рационално трошење на јавните средства и вложување во дигитализацијата, што е можно преку поголема регионална соработка.

На првиот ден на Самитот беа опфатени актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот.

Дел од Самитот Македонија 2025 е и доделувањето на првото признание за придонес на припадниците на дијаспората, кое се доделува под покровителство на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски. Ова признание кое беше доделено вчера го добија Софи и Митре Кутановски, за нивната поддршка на млади таленти и студенти од Македонија во рамки на Фондацијата Атанас Близнаков.

Tags: дигитализацијаМакедонија 2025Самитстратешко лидерство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ