Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје организира дебата „Кон уредничка слобода: саморегулација на програмските аспекти во јавниот сервис“ што ќе се одржи во среда, 23 јануари во хотел Солун, со почеток во 10:30 часот.
На дебатата ќе се говори за овозможување на уредничка слобода во јавниот сервис преку саморегулација на програмските аспекти, како и за различните аспекти на процесот на изготвување на Програмски правилник за МРТ.
Програмскиот правилник претставува документ на саморегулација во кој се поставуваат основните приници, процеси и улоги во планирањето, реализирањето, емитувањето и евалуцијата на програмата. Овој документ има цел да ја постави рамката на програмски стандарди кои ќе го овозможат произведувањето на квалитетна програма што ги вградува највисоките професионални стандарди и го штити јавниот интерес.
Говорници на настанот ќе бидат Смилка Саркањац, претседателка на Програмскиот совет на МРТ, Анета Андонова, главен и одговорен уредник на првиот сервис на МРТ, Ана Чупеска, професорка на Правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје, Игор Јованоски, консултант на ИОХН-Скопје, а модератор на дебата ќе биде Насер Селмани, ЗНМ/ИОХН, Скопје.
Дебатата се реализира како дел од проектот „Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“ што го спроведува Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Проектот се реализира како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската Унија за Македонија.
Б. Ј.