Санае Такаичи победи на историски избори и стана првата жена премиер на Јапонија.
Како што пренесува Би-би-си, ова е нејзин трет обид да стане лидер на Јапонија и е четвртиот премиер за пет години од нејзината партија ЛДП погодена од скандали.
Таа припаѓа на тврдокорното крило на ЛДП и е штитеник на починатиот поранешен премиер Шинзо Абе.
64-годишната конзервативка е позната како „Железната дама“ на Јапонија e позната како обожавателка на поранешната премиерка на Велика Британија Маргарет Тачер
Трамп претходно ја нарече „високо почитувана личност со голема мудрост“.
Сега кога е избрана, предизвиците на Такаичи ќе вклучуваат решавање на бавната економија, справување со нестабилните односи меѓу САД и Јапонија и обединување на поделената владејачка партија.
М. Д.