-Не барам од моите пријатели Македонци да го осудат ова. Тие што ми се добри пријатели, знам дека го осудуваат, напиша Петрит Сарачини по „прошетката“ на навивачката група низ плоштад сонационалистички извикувања.
А од „пријателите“, тапшачите по рамо, „неутралните“, оние што за извиците на Комити молчат а редовно ме прашуваат „а каде си ти за Балистите и Шверцерите…“ што сум ги осудил стопати (ама нема кој да прочита) – нема поента ни да се бара каква било осуда. Тие само го мислат она што Комитите гласно го кажуваат.
Многу побитно за сите нас – Да бараме од МВР и од Обвинителството да преземат мерки против ова разгорување на меѓуетничка омраза. Неодложно и веднаш. По службена должност, како што вели Кривичниот законик за вакви дела!