Претставници од граѓанското општество на Северна Македонија денеска остварија средба со специјалниот пратеник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин и германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.
На средбата, што се одржа во Германската амбасада во Скопје, се дискутираше за процесот на ЕУ интеграцијата, Берлинскиот процес, како и за актуелни општествено политички состојби и процеси.
На средбата присуствуваше и Џабир Дерала, претседател на Цивил.
М. Д.