„Нашата задача што сме ја поставиле веќе 30 години каде сакаме да ги надминеме стереотипити за жените, да ја постигнеме вистинската еднаквост, бидејќи жените тоа го заслужуваат, тие го сочинуваат половина од светот, и нашите жени во државава по Уставот и сите други закони ги имаат еднаквите права, но фактичката состојба не е таа и тука се нашите заложби, тука е и насилството врз жените. жените во нашата држава го исполнија она право на еднакво образование и во овој момент имаме 10% повеќе жени од мажи кои се со високо образование“, истакна Савка Тодоровска претседателка на Националниот совет на жените во Македонија на „Перспективи 2021“.
„Очекувам сите закони да бидат почитувани во целост и тогаш ќе имаме еднаквост, односно женските права ќе бидат човекови права. Втората работа, очекуваме нови и подобрени содржини на законите, битно е да ја сфатиме суштината на постоењето на законите и почитувањето за да можат жените да ги завземат вистинските места според својата желба, определба и позиција, за да не мораат да бидат последните на стеблото од дрвото, каде при пандемија беа отпуштани повеќето жени, поради тоа што имаат позиции на работни места кои лесно отпаѓаат“, истакна Тодоровска.
Тодоровска додаде дека во 2021 година на локалните избори очекува од сегашните четири жени градоначалнички, да имаме 40.
„Жените заслужуваат вреднување, според својата пределба и желба, а ги имаат условите, капацитетите да го завземат и тоа место, затоа апелирам 2021 година да бидеме лидери во регионот по жени избрани во Парламентот, повеќе жени за градоначалнички и исто помал број на жени жртви на родово базирано насилство. Институциите ад отворат повеќе сервиси за да можат да помогнат за надминување на стереотипната улога на жените. Треба да имаме почитување на женските права како човекови права“, додаде Тодоровска.
А. Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети