Шефицата на канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, рече дека е вџашена од иницијативата на косовскиот парламент да го укине Законот на Специјалниот суд и го повика Собранието веднаш да го отфрли таквиот предлог.
– Јас сум вџашена од иницијативата Собранието на Косово да го укине или поништи законот за специјални судови и специјални обвинители. Го повикувам Собранието веднаш да ја отфрли таквата иницијатива, изјави синоќа Апостолова.
Таа оцени дека таквиот потег ќе биде исклучително штетен за Косово.
Тоа би ја довело во прашање целата заедничка работа во последниве години на полето на владеењето на правото и правдата, предупреди Апостолова.
– Ниту еден политичар во Косово нема право да донесе одлука со која ќе ја загрози иднината на Косово, потенцираше таа.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.