• Latest

Шекеринска за ДВ: Македонија покажа европско однесување на Балканот

February 23, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска за ДВ: Македонија покажа европско однесување на Балканот

February 23, 2018 07:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската Влада досега покажа еден поинаков начин на креирање политики и европско однесување на Балканот, кое може да функционира и во случајот со спорот со Грција околу името, порача вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервјуто за Дојче Веле на англиски јазик, кое го даде вчера во Берлин.  

Таа беше дел од делегацијата во официјална посета на Германија, што ја предводеше македонскиот премиер Зоран Заев.

Запрашана да го појасни оптимизмот на Заев дека спорот за името ќе се реши до јули таа напомена дека ништо не се постигнува без оптимизам.

– Ништо не се постигнува без оптимизам. Тоа за нас е еден вид на импулс. Импулс за започнување на реформската агенда во земјата. Ги надминавме разликите кои ги имавме со Бугарија и склучивме договор, само два месеци откако бевме избрани како нова Влада. Покажавме еден поинаков начин на креирање политики, поинаков начин на однесување, европско однесување на Балканот и веруваме дека ова може да функционира и во случајот со спорот околу нашето име со Грција, рече Шекеринска на прашањето околу шансите за решавање на спорот за името.

Додаде дека успехот ќе зависи од двете влади, кои сакаат да се стави крај на овој спор.

На прашањето за степенот на оптимизмот кај граѓаните на Македонија, но и протестите во Грција, Шекеринска одговори дека иако еден дел од граѓаните на двете земји ќе бидат незадоволни и веројатно двете влади ќе добијат критики, сепак, улогата на владите е да ги решаваат проблемите.

Министерката истакнува дека интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ е стратешко прашање за кое се согласни сите граѓани.

Прашана зошто смета дека членството во ЕУ и во НАТО ќе претставува сила против национализмот, таа потсети на грчкото вето на самитот на НАТО во 2008 година, кое создаде вакуум, кој меѓудругото се пополнил со национализам.

– Кога го добивме грчкото вето во 2008 година за нашето членство во НАТО земјата стана пофрустрирана, поизолирана, а во политиката не постои вакуум, па таа празнина се пополни со многу работи, вклучително и национализам, вели Шекеринска.

Истакна дека не верува дека НАТО и ЕУ по дефиниција може да го победат национализмот.

– Но доколку на луѓето им се даде надеж, доколку им се дадат можности за стабилен поинтегриран регион и континент, доколку им се даде перспектива за економски раст, која обично доаѓа со членство во НАТО и ЕУ, на тој начин ќе им се даде единствениот противотров што можеме да му го понудиме на овој континент во борбата против национализмот , појасни Шекеринска.

Во врска со брзината на интеграцијата на Македонија во ЕУ, вели дека НАТО реформите што се направени во се основа за надежта дека во јули земјата ќе добие покана, но интеграцијата во Унијата е побавен процес.

– Ние не шпекулираме со датуми. Не поставуваме датуми, туку цели. И нашите цели се навистина да ја трансформираме земјата и да надминеме дел од слабостите. Значи, за нас е многу важно да се вратиме на патеката кон ЕУ и НАТО, а потоа ќе следат датумите во зависност од тоа колку бргу ја трансформираме земјата и даваме резултати, додаде Шекеринска.

Во врска со воениот буџет согласно стандардите на НАТО, Шекеринска рече дека е донесен план за зголемување на буџет, оваа година зголемувањето е 15 отсто, предвидено е дополнително зголемување од 0,2 отсто секоја година до достигнување на целта од два отсто.

Додаде дека Македонија го зголеми и учество во мисиите предводени од НАТО, како мисијата во Авганистан, за 20 отсто и продолжува со поддршка на мисијата КФОР на Косово.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БалканЕвропаинтервјуМакедонијаШекеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ