• Latest

Scoop Македонија: Тужбите остануваат средство за замолчување на неистомислениците и новинарите!

May 8, 2017
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Scoop Македонија: Тужбите остануваат средство за замолчување на неистомислениците и новинарите!

May 8, 2017 16:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тужбите за навреда и клевета и понатаму остануваат средство за замолчување на неистомислениците, при што најчеста мета се новинарите и медиумите! Во период од 2013 до 2016 година, се покренати 173 тужби против новинарите, но нема точен податок колку тужби се пресудени во корист на тужителите. Ова беше кажано на презентацијата на заклучоците од извештајот на Здружението – Центар за истражувачки новинарство Scoop – Македонија, што се одржа денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Во извештајот се вели дека оваа „практика придонесува кон влошување на состојбата со медиумската слобода во Република Македонија, при што се зголемува нивото на цензура и самоцензура кај медиумите и новинарите“.

Според резултатите од истражувањето, политичарите често се јавуваат како тужители на новинарите, но и на нивните политички противници.

Александар Божиновски од СКУП Македонија рече дека истражувањето траело шест месеци и било поделено на три тематски области. Тој истакна дека за подетално истражување е потребно повеќе време, бидејќи институциите си ја префрлаат одговорноста.

„За некој податок се чека и по 30 дена, и ако те префрлуваат на неколку институции на кои ќе им треба по 30 дена да ти одговорат, истражувањето ќе се заврши после неколку години“, додаде Божиновски.

Даниела Трпчевска, членка на истражувачкиот тим, рече дека во текот на истражувањето се добиени податоци од 26 судови во земјава, кои Центарот СКУП Македонија ги побарал според Законот за слободен пристап до информации.

„Во периодот од 2011 до 2016 година, поднесени се над 1.800 тужби во судовите во земјава. Од нив, околу 1.000 се покренати во 2011 и 2012 година, пред декриминализацијата на навредата и клеветата, по што бројката на тужби опаѓа“, рече таа.

Новинарката Ангела Петровска денеска истакна дека информациите кои ги доставиле судовите биле корисни и помогнале во подготовката на  истражувањето, а дека голем дел од податоците се црпени и од јавно објавените пресуди на Интернет, на веб – страниците на основните и апелационите судови.

„Имавме и случај кога на едно од барањата, место од службен е-меил, ни пристигна порака од пoвратен меил од којшто ни бараа одговор – зошто ни се потребни бараните информации. Во тој случај, се повикав на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде што стои дека барателот не мора да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации, по што ги добив бараните податоци“, рече Петровска.

Инаку, ова истражување e поддржано преку проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, кој e финансиран од Европската унија и пд Амбасадата на Британија во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) и Институтот за човекови права (ИЧП).

Дехран Муратов

 

Tags: истражувањеистражувачко новинарствоклевета и навредановинариСКУП - Македонијатужби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ