• Latest

Седница на Владата на Република Македонија

April 10, 2018

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Седница на Владата на Република Македонија

April 10, 2018 18:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија на денешната редовна 63 седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на  Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија, и го прифати усогласениот текст на овој меморандум.

Една од целите на оваа иницијатива е нашата земја да се приклучи на внатрешниот пазар на електрична енергија во југоисточна Европа, со цел на учесниците на пазарот да им се понудат нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување на ефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги.

На седницата е констатирано дека овој меморандум, кој овозможува поволни околности, е резултат на либерализацијата што се обезбедува со новите законски решенија за енергетика, како и на поволната клима на пријателство и меѓусебна поддршка која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Владата на оваа седница го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“, за експлоатација на минерални суровини бакар и злато на локалитетот Иловица, се бара комплетирање на документацијата. За оваа своја иницијатива Владата се повикува на известувањето на Министерството за економија од 2016 година до „Еуромакс“ во кое се бара од концесионерот, до одреден период, да ја комплетира документацијата како обврска од договорот за концесија, и го информира дека, меѓу другото, не се доставени доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатацијата, како и решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина, а направени се и други повреди на договорот.

Согласно договорот за концесија, неподнесувањето на само овие два документа се доволни за да отпочне постапката за преиспитување на почитувањето на договорот, и затоа Владата на РМ на денешната седница го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да достави информација дали во меѓувреме е комплетирана документацијата, по што ќе биде донесен соодветен заклучок.

На денешната седница е разгледана и усвоена информацијата во врска со потребата од обезбедување на дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање на мали и средни претпријатија, со укажување на Македонската банка за поддршка на развојот во преговорите со комерцијалните банки да се заложи цената на каматата да не надмине 3,2% за крајните корисници.

На оваа своја 63 седница, Владата го разгледа Извештајот за извршената конечна финансиска ревизија на Универзитетската клиника за неврологија за 2016 година, а Министерството за здравство информираше дека истиот е препратен и до Финансиската полиција со цел да се утврди дали е потребна постапка по основ на одредени наоди од Извештајот.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, и го задолжи
Министерството за внатрешни работи да формира работна група која ќе ја раководи претставникот од Министерството за внатрешни работи и во која ќе бидат вклучени и по еден претставник од Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана, Министерството за правда, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЗЕЛС.

Работната група е задолжена во рок од 60 дена да подготви и до Владата на Република Македонија да достави анализа за поставеноста и дејстувањето на целокупниот систем за кризи, имплементацијата на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и да предложи насоки за реформирање на овој систем користејќи и компаративни искуства.

На денешната седница, Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави и Министерството за образование и наука на Република Македонија за Фулбрајт програмата за академска размена.

Целта на овој Меморандум за разбирање е да се зајакнат и развијат врските меѓу учесниците во процесот на спроведување на програмата Фулбрајт за академска размена во областа на образованието, науката и истражувањето врз основа на околности што носат бенефиции за двете страни.

Владата на оваа своја седница ја разгледа информацијата за Повикот за свикување на Собрание на Македонски Телеком АД – Скопје, закажано на 16.04.2018, и донесе заклучоци за точките од дневниот ред на седницата на Собранието на акционерското друштво Македонски Телеком.

На предлог на Министерството за здравство, Владата го утврди текстот на предлог-одлуките за започнување на постапка за доделување на лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување на клетки од човечкото тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, за лекување панкреас, заради лекување очни ткива, за лекување црн дроб, бубрези и бели дробови.

Со оваа иницијатива ќе се остварат повеќе цели на Министерство за здравство како што е обезбедување на соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите  на населението, намалување на трошоците за користење на здравствените услуги на осигурените лица во странство од областа на трансплантацијата за лекување во странство, обезбедување на географска достапност на здравствените услуги, обезбедување на подобри  здравствени капацитети за вршење на здравствени услуги и обезбедување на континуирана и квалитетна здравствена заштита.

На денешната 63-та седница Владата ја отпочна постапката за формирање работна група за утврдување на програма за одбележување јубилеј 1000 години од формирање на Охридска Архиепископија, на предлог на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи.

Владата денеска разгледа и донесе повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовни активности како што се „ЦОМБИНЕД РЕСОЛВЕ-Џ“, во Сојузна Република Германија, „БГР-МКД СОФ ЈЦЕТ 18“, во Република Бугарија, „БГР-МКД СОФ ЈЦЕТ 18“, во Република Бугарија, „ЕАГЛЕ-ВИ, во Република Косово, и на вежбовната активност „АДРИАТИЦ СТРИКЕ 2018“, во Република Словенија.

[divide]

Извор: МИА

Tags: владаРМседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ