• Latest

СДСМ: Амадманите на ВМРО-ДПМНЕ се против интересите на граѓаните и на Македонија

January 29, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Амадманите на ВМРО-ДПМНЕ се против интересите на граѓаните и на Македонија

January 29, 2018 13:01
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашното обвинение од страна на ВМРО ДПМНЕ дека некој од Собраниските служби вчера ги фрлил амандманите на ВМРО ДПМНЕ, поднесени во врска со неуставниот закон за двојазичност, реагираа и од СДСМ. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, амандманите поднесени за законот за двојазичност биле расфрлани околу Собранието, и дека имаат должност да одговорат на кому му пречат и кој ги фрлил амандманите.

„Владејачкото мнозинство треба да и одговори на македонската јавност кој издал наредба и кои се лица учествувале во овој срамен и недемократски чин.“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.  

Според владејачката СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ параноично шири лажни вести и дека обидот да ги вовлекува собраниските служби во своите политикански игри за блокади е скандалозен.

„Според јавно достапните информации објавени во медиумите, собраниските служби веќе потврдиле дека сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се уредно примени, архивирани и заверени. Сите конструкции на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода.
Со овој очаен потег, јасно се чита намерата на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикива изгубената доверба кај граѓаните со постојано измислување лажни вести.“ стои во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот на Република Македонија, и намерите на ВМРО-ДПМНЕ се да го блокира Собранието и да го кочи реформскиот процес со што работи против интересите на граѓаните и на Република Македонија.

А.Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: амандманиВМРО-ДПМНЕзаконСДСМСобрание на РМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result