• Latest

СДСМ бара оставка од Милошоски оти бил осудуван во Германија, тој вели дека се работи за спин

February 10, 2021
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од Милошоски оти бил осудуван во Германија, тој вели дека се работи за спин

February 10, 2021 16:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај негирањата, документите кои ги поседува „А1он“ покажуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осуден за сторени кривични дела во Германија. Документите се напишани на германски јазик, и покажуваат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда во 2004/2005 година дека Милошоски сторил дело, кое во тамошниот правен систем е заведено како „добивање придобивки“.

Документите содржат и број под кој се водел предметот, како и датум на пресуда. Дека му е судено на Антонијо Милошоски покажува првиот дел од документот, каде се внесени негови податоци – име и презиме, датум и место на раѓање, како и адреса на престој во Германија. Во нашиот систем, делото е заведено.

„Опис на прекршокот: Добивање придобивки. Применета регулатива: STGB 265A ABS. 1 (добивање придобивки со измама) в.в. 248 А. (кражба и злоупотреба од мала вредност). 20 дневни глоби со парична казна од 20,00 евра“, стои во описот на документот напишан на германски јазик.

Владејачкиот СДСМ и денеска побара оставка од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бидејќи бил осудуван за кривични дела во Германија.

„Пратеник кој ги лаже граѓаните не може да ги претставува, фатен во сопствените лаги треба да се извини и да се повлече. Според последните информации објавени во медиумите, поткрепени и со документи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бил осуден за сторени кривични дела во Германија. Осуден од суд во Ахен и казнет со парична казна за сторените дела. Според објавениот документ еден од основите за казната се однесуваат на кражба и злоупотреба на мала вредност и придобивки со измама, согласно германското законодавство. Наместо да излезе пред јавноста, да одговори, Милошоски се обиде да се скрие зад социјалните мрежи и несмасно да обвинува други за шпекулации. Антонијо Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, и близок соработник на Мицкоски е фатен во нова лага. Ова е крајно нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Ништо не се менува во оваа партија, се уште заробена во криминалната режимска матрица. Ова е скандал кој целосно ги потопува Милошоски и Мицкоски, но и го нарушува меѓународниот углед на земјава“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Антонио Милошоски, пак, обвини дека зад сето ова стои СДСМ кој, според него, изминатите седум години прави афери преку фалсификување. Тој тврди дека станува збор за спин и за дезинформација.

„Фалсификувања пасоши фалсификување на вистината за Смилковско Езеро фалсификување за смртта на Никола Младенов на малата Тамара, фалсификување на датумот за ЕУ и на таков начин се обидува да се спаси себеси или деградира опозициски критичари. Во тој контекст само ќе напоменам уште еднаш дека ваквите спинови, ваквото дефокусирање и ваквите дезинформации само докажуваат дека СДСМ останува на својата основна дејност преку фалсификувани дезинформации да ја замајува јавноста за да избегне од реалните теми дискусија за хибриден режим корупција и голема невработеност“, изјави Милошоски.

Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и спроведување на комуникациската стратегија во Владата на Република Северна Македонија, на својот Фејсбук профил напишал дека Антонио Милошоски е срам за македонската држава и политика.
„Многу јасно и многу едноставно: Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник од истата партија е осуден за кривични дела кражби, злоупoтреби и придобивки со измами од страна на судството во Германија. Милошоски е срам за македонската држава и политика. Општеството треба да се огради од него, без разлика дали тој има чувство за потребата од итна оставка“, истакна Забрчанец.
Д.М.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ