Во врска со најавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е во завршна фаза подготовката за набавка на100 автобуси за Град Скопје,со изјава за медиумите излезе Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Во своето ображање до јавноста, тој вели :
Вчера, Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал.
Портпаролот на СДСМ, пред просториите на Град Скопје ја праша градоначaлничката Данела Арсовска:
Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси? Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име? И клучно: Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери.
Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски, рече Каевски. Граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција?
Дарко Каевски потенцираше дека ваквите потези асицираат на едно минато време:
Вака Груевски преговараше со Јанкуловска за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски.
Каевски на крајот посочи дека граѓаните очекуваат одговори од Арсовска, и дека СДСМ внимателно го следи овој скандал и ги повикува надлежните институции да го разгледаат и да постапат.