Спроведувањето на пописот се очекува да започне на 1 април, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од идејата дека ќе успее со иницијативата со собирање потписи против пописот.
Како одговор на иницијативата која започна денеска во повеќе градови во земјата, СДСМ смета дека е крајно неодговорно и несериозно нивното однесување.
На денешната прес-конференција Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ и претседателка на Форум на Жени на СДСМ, изјави дека самата иницијатива е против Законот за попис и против поддршката што доаѓа од стратешките партнери ЕУ и САД.
„ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава. Секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон. Оттука, јасно е дека овој потег Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови. Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, нема да успеат. Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации“, изјави Калеска-Ванчева.
ВМРО-ДПМНЕ, од своја страна се пофали со 25.000 собрани потписи по денешниот старт на иницијативата.