Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен, а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми, бидејќи здравјето на граѓаните е пред сè, велат од партијата.
„Како одговорна партија, активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните но и сите други субјкети да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции.
Сега е време, секоја индивидуа, секој субјект и политичка партија да покаже одговорност и да придонесе за заштита на јавното здравје“, соопштуваат од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.