На утринската координација повикана од претседателот на Собрание, Талат Џафер, пратениците на СДСМ ја бојкотираа утринската координација повикана од претседателот на Собрание, Талат Џафери. Тие се изјаснија дека се револтирани од текот на синоќешната седница за гласање за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски, којашто Џафери ја прекина две минути по полноќ, без да се изгласа одземањето.
„Се виде дека Талат си има сценарио подготвено за да помине полноќ, а за имунитетот да не се гласа. Тој не го читаше заклучокот, иако можеше тоа да го направи како што направи кога се гласаше за Законот за јазици. Намерно не постапи како што треба“ – велат пратеници од владејачката партија за „Фокус“.
Од СДСМ додаваат дека ДУИ и ВМРО испазариле за да се спасат меѓу себе. Очекуваат поддршка во иднина кога на ред ќе дојдат нивните „криминалци“, како што е на пример, Ејуп Алими, обвинет во случајот „Титаник 3“.
Во текот на денот се очекува СДСМ да излезе со соопштение со осуда за постапките на ДУИ во Собранието.