„Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми (ако може да се наречат медиуми), заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти. Ние тврдиме дека СДСМ има обезбедено мнозинство за составување Влада. Тоа ќе се потврди следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот“, велат од СДСМ, објави порталот 360 степени.
Претходно, неколку портали на албански јазик објавија дека Мицкоски и Ахмети се договориле за формирање парламентарно мнозинство за формирање влада. Според „Тетова сот“, Мицкоски рекол да за премиер Албанец.