Иако шефот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја убеди јавноста дека не го условува учеството на неговата партија во процесите со барањата за амнестија за Груевски и другите обвинети од СЈО, СДСМ тврди дека токму тоа се случува. И во најновото јавно обраќање на СДСМ се вели:
„Шпекулациите околу средбата на четирите најголеми парламентарни партии што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ во одредени медиуми, не помагаат на започнатиот процес на изнаоѓање консензус.
Уште еднаш ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност, да ги надмине поразените политики и рамо до рамо со останатите политички партии да ја поддржи македонската иднина во ЕУ и НАТО.
Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ треба да се заложи за иднината на Македонија, а не за амнестија на криминалите напревени од врвот на нивната партија.“