• Latest

СДСМ ќе внимава на родовиот баланс во изборот на кандидати за пратеници за претстојните избори

January 31, 2020

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ ќе внимава на родовиот баланс во изборот на кандидати за пратеници за претстојните избори

January 31, 2020 14:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ започна постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници во историјата на независноста, пратеници кои се согласни дека државата им припаѓа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност, пратеници кои се различни по сите основи, мажи и жени, 50-50, соопштуваат од партијата.

„Процесот на избор за кандидати за пратеници, утврден на 14-тата седница на Централниот одбор на СДСМ ќе биде транспарентен, инклузивен и професионален со цел да се одберат одговорни, чесни професионални личности, кои уживаат углед и доверба во професиите и во местата на живеење.

 СДСМ ги избира најодговорните кандидати за пратеници од независноста до сега, со што преземаме обврска да продолжиме да градиме независен парламент и со тоа, способна држава.

СДСМ покажа дека презема храбри и одлучни чекори кога е во прашање демократијата, слободата и враќањето на државата во рацете на граѓаните.

 Создадовме концепт отворена влада, овозможивме амбиент за слободни медиуми, создадовме концепт за едно општество. Создадовме услови за независен парламент.

 Не беше лесно Собранието да се трансформира од место кајшто во 2017 крваво се кршеа пратенички глави, до место во кое се носат закони од интерес на граѓаните, место кајшто се гарантира членството на Северна Македонија во НАТО, место кое е Дом на демократијата, дом на граѓаните.

 Имаме должност на Собранието на Северна Македонија да му обезбедиме народни претставници за кои партијата е само механизам како подобро да ги претставуваат граѓаните и како подобро да им служат на граѓаните.

 Со понудата со која ќе излеземе пред граѓаните, остваруваме уште една сигурна победа.

 Тоа ќе биде голема победа на нашите политики, победа на СДСМ и коалицијата, победа на граѓаните“, објавија од СДСМ.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ