• Latest

СДСМ коалицира со 20 политички партии, АА-А ги објави кандидатите за Гостивар, Дебар, Струга и Желино, Шанса за Центар поднесоа листа во ДИК

September 9, 2021
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ коалицира со 20 политички партии, АА-А ги објави кандидатите за Гостивар, Дебар, Струга и Желино, Шанса за Центар поднесоа листа во ДИК

September 9, 2021 17:12
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на независноста, покрај прославата, за жал го одбележа трагедија во Тетово во која го загубиле животот до сега потврдени 14 лица, а десетици се повредени.

Денешното попладневно издание на изборната хроника се однесува на настаните во текот на вечерта (8 септември) до 16 часот денеска (9 септември). Вчера вечерта, пред да се случи трагедијата во Тетово, Алијанса за Албанците и Алтернатива промовираа кандидати за градоначалници, СДСМ потпиша коалиција со 20 партии, Шанса за Центар ја поднесоа листата во ДИК, а ВМРО-ДПМНЕ имаше неколку јавни објави во дуел со СДСМ.

ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ, СЕ СОПИРААТ СИТЕ ЈАВНИ АКТИВНОСТИ

Владата донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота), по синоќешниот пожар во модуларната ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица.

Од Владата апелираат до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

ВМРО-ДПМНЕ ги одложи јавните настани поврзани со локалните избори денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота).

ДУЕЛИ

СДСМ потпиша Договор за заеднички настап на претстојните локални избори со 20 политички партии. Како што изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по заедничката средба во партискиот штаб, дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

„Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите“, истакна Заев.

Според него, Коалицијата на изборите ќе има широка кадровска понуда во првиот и вториот изборен круг.

ВМРО-ДПМНЕ експресно ја нападна коалицијата на СДСМ со 20-те партии, нарекувајќи ја „коалиција на лузери“.

„Раситнетата коалиција каде ги нема БЕСА, ЛДП, ДОМ, партијата на Турците, партијата на Бошњаците е коалиција за пораз, и тоа покажува дека Заев си одбра друштво во кое ќе доживее пораз.

Заев е најдобро да си замине. Заев е најдобро да се повлече. Заев е најлошото во земјата. Заев остана со Тито Петковски, Павле Трајанов и Стојанче Ангелов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПРЕТСТАВУВАЊА

Актуелниот градоначалник на Општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори, истакнувајќи дека со тоа ја комплетираат понудата од 69 кандидати за градоначалници.

Алијансата за Албанците и Алтернатива ги претставија своите кандидати за градоначалници во Општините Дебар, Гостивар, Желино и Струга.

Актуелниот градоначалник, д-р. Арбен Таравари е кандидат за уште еден мандат на Општина Гостивар. Во Дебар ќе настапат со д-р. Беким Поцеста, во Струга со Идри Истрефи и во Општина Желино ќе настапат со Махир Зибери.

НЕЗАВИСНИТЕ ПОДНЕСОА ЛИСТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Шанса за Центар поднесоа кандидатска листа во Државната изборна комисија.

„Први собравме потписи, први ја поднесовме листата во ДИК на денот на нашата државност. Нека ни е честит празникот на сите. Градоначалникот не може ништо да одлучи ако тоа не го одобри советот. Силен совет значи силна општина! Имаме #ШансаЗаЦентар за да ги смениме работите. Заедно со граѓаните можеме многу повеќе!“ – изјавија претставниците на оваа коалиција.

ДА ПОВТОРИМЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ