„Мицкоски прво нека ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, а потоа нека глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните. Лицемерието, лажната загриженост и неодговорноста на Христијан Мицкоски немаат крај. Напладне Мицкоски е загрижен за состојбата со коронавирусот, а попладнево веќе можеби ќе оди во тератана или затворен дел од ресторан каде што ќе ги крши мерките кои имаат за цел заштита од ширење на вирусот, како што впрочем досега“, стои во реакцијата на СДСМ за обраќањето на Мицкоски за економски мерки.
Според нив, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги критикувале мерките и поддршката за компаниите и граѓаните, а сега бараат да продолќат и следните месеци.
„Мицкоски е тотално загубен. Во време кога цел свет се бори со сериозна глобална економска криза, кога и посилни и поголеми економии се соочуваат со голем пад на економијата, голем пад на работните места, Мицкоски заклучува дека имало пад на извозот, а при тоа не нуди никакви решенија како што не понуди ниту за време на целата криза“, стои во нивната реакција.