СДСМ излезе со соопштение дека доколку Христијан Мицкоски ја блокира иднината на Македонија следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори.
„Мицкоски покажува и основни непознавања на политиката. После 27 години во кои Македонија беше заглавена заради овој спор, после 11 години изолација, Мицкоски се дрзна да каже дека сега не е амбиентот?
Македонија и нејзините генерации немаат уште 27 години да чекаат на Мицкоски да му се погоди амбиентот.
Ако не го држи сеќавањето, Мицкоски нека ги погледнете снимките и фотографиите од лидерските средби на кои течеа консултации за ова важно прашање, ќе види дека и тој бил на тие средби, секако дека бил и информиран и консултиран. Но дали имал став Мицкоски на тие средби?
Христијан Мицкоски е разочарување!“, се вели во соопштението.
СДСМ на крајот велат дека граѓаните ќе ја донесат одлуката за подобра иднина и дека Македонија ќе биде дел од НАТО и ЕУ.
Ц. М.