ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да уценуваат никого. Сите нивни обиди за дестабилизација на државата, сите нивни лаги за наводна асимилација и бугаризација пропаднаа, тие веќе немаат никаков кредибилитет пред граѓаните. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конфузни, наутро бараат референдум, а попладне предвремени избори, реагираат од СДСМ на барањето на ВМРО ДПМНЕ веднаш по враќање на пратениците во Собранието да ги стават уставните измени на дневен ред на првата собраниска седница, но, ако на таа седница не поминат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, наредниот ден, да се распушти Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори.
Од СДСМ велат дека Мицкоски веќе не знае што да направи за да ја спаси фотелјата во белиот дворец откако грбот му го свртеа коалициски партнери и други опозициски партии.
Избори ќе има во редовниот термин во 2024 година. До тогаш ВМРО-ДПМНЕ има време да се преиспита и да го смени своето деструктивно, антидржавно однесување на штета на интересите на граѓаните и државата, стои во соопштението на СДСМ.
М.Д.