По вчерашното боење на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и изразениот сомнеж на опозицијата дека зад овој напад стојат структури блиски до власта, СДСМ излезе со реакција велејќи дека го осудуваат ваквиот вид на насилство што ја загрозува безбедноста.
„Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.
СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните“, стои во нивното соопштение.
Од СДСМ очекуваат дека надлежните институции ќе го расчистат случајот. Исто така, порачуваат ВМРО-ДПМНЕ да покаже политичка одговорност наспроти конфликтите, деструкцијата и поделбите.
М.Л.