• Latest
Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ на прес-конференција, 23012022, извор: СДСМ

СДСМ: Пецаков да одговара за непочитување на здравствените протоколи, ВМРО-ДПМНЕ: Дефокус од неспособноста, порано Наќе, сега Пецак им е крив

January 23, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ: Пецаков да одговара за непочитување на здравствените протоколи, ВМРО-ДПМНЕ: Дефокус од неспособноста, порано Наќе, сега Пецак им е крив

January 23, 2022 14:35
in КОВИД-19, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ на прес-конференција, 23012022, извор: СДСМ

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ на прес-конференција, 23012022, извор: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција, СДСМ го оцени како скандалозно и крајно неодговорно однесувањето на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.

„Наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за Ковид 19, градоначалникот на Охрид се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни. Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, ова не е само непочитување на одредбите и законите, туку ова скандалозно однесување на Пецаков, како што го нарече Кузеска, е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица.

„Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф. Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецаков(ски)? Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити? Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани?“, праша Кузеска на прес-конференцијата.

Според СДСМ, Пецаков не треба да бара изговори со манипулации, за некакво скијање во Банско, туку да одговара.

Со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив“, се вели во реакцијата.

Според партијата од чии редови доаѓа градоначалникот Пецаков, СДСМ сака народот да заборави на целата нивна неспособност, обвинувајќи го политичкиот конкурент повторно за починатите во пандемијата, наводни провизии за вакцините и за пожари во болниците.

„А што се однесува на случајот кој што сакаат да го фабрикуваат околу градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Пецаков на 19 јануари се тестира за потреби од патување, а се изолира веднаш по добивањето на резултатот, СДСМ ќе одговараат за клеветите што ги шират“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во објавената реакција, се вели дека градоначалникот Пецаков на 19 јануари направил тестирање за КОВИД за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал. Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози. Во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета. СДСМ фабрикува случај каде што нема. И за тоа ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата“, се вели во реакцијата.

Ц.Д

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ