Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евр, бараат од СДСМ преку соопштение до јавноста.
Од СДСМ истакнуваат дека шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра.
Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра, велат од владејачката партија.
Надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто мочи Мицкоски, прашуваат од СДСМ?
Од таму потсетуваат дека токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани.
Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје, нагласуваат од СДСМ и пршуваат:Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски?
Од СДСМ истакнуватт дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси.
Кавгите за лични интереси се закуваат да го блокираат тендерот од 136 милиони евра наменет за пречистителна станица, и го доведуваат под прашање овој капитален проект, важен за граѓаните, финансиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Додека тие се караат, Скопје цела година стагнира, велат од СДСМ.
Граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не, потенцираат од партијата и додаваат дека Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема.
М.Д.