Пратеници на СДСМ собираат потписи за да го одоброловолат претседателот на Собранието, Талат Џафери да го свика распуштениот парламент, потврдуваат за „360 степени“ партиски извори.
Според информациите на порталот, Џафери е запознаен со иницијативата на пратениците на СДСМ, ама засега не бил расположен да свика седница, независно од тоа колку потписи ќе бидат собрани.
Извори од СДСМ објаснуваат дека би било добро парламентот да се состане, меѓу другото, и за да се обезбеди контрола врз одлуките на техничката влада. Како што се посочува, незамисливо е една парламентарна демократија толку време да функционира, практично, без парламент, така што сега нема ни кој да ги ратификува договорите за заеми што ги бара Владата, со цел справување со економските последици од кризата со коронавирусот.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека досега нема добиено никаква иницијатива за свикување на Собранието, а доколку добие ќе ја разгледа па ќе донесе одлука.
Џафери не ги коментира засега ставовите нa СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за повтпрно свикување на Собранието.