• Latest

Седумдесет и осум проценти од жртвите на физичко насилство се жени

March 8, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Седумдесет и осум проценти од жртвите на физичко насилство се жени

March 8, 2018 11:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со родовата еднаквост во државата останува само декларативна заложба на властите, оценуваат од Хелсиншкиот комитет по повод Меѓународниот ден на жената. 

Во соопштението испратено по повод 8 Март се наведува дека жените во Македонија се уште се соочуваат со дискриминација по основ на пол и род во сите општествени процеси, без притоа да имаат заштита на нивните права. Меѓу најранливите групи се посочуваат текстилните работнички, жените од руралните средини, жените Ромки, жените жртви на насилство и жените со попречености.

Според Хелсиншкиот комитет, ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство позната како Истанбулска конвенција е најзначајниот чекор што Владата го има направено во борбата против насилството врз жените, но неколкуте случаи на насилство врз жените и сексуалната злоупотреба врз девојчето од Домот „25 Мај“ се примери дека не функционира целосно системот за грижа и заштита.

– Од овие причини бараме државата итно да започне со промена на законската рамка и собирање на статистички податоци за регистрирање на сите форми на родово базирано насилство, да обезбеди сервиси за жените и девојчињата жртви на насилство и да им обезбеди заштита на сите жени чии права секојдневно се прекршуваат, се вели во соопштението.

Статистичките податоци покажуваат дека 78 проценти од жртвите на физичко насилство се жени,а 98 проценти од сторителите на семејно насилство се мажи. Од 2008 до 2016 година регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле во периодот 2013-2016. Над три четвртини од случаите на семејно насилство не се пријавени во ниту една јавно достапна служба. Над 80 проценти од вработените во текстилната, кожарската и чевралската индустрија се жени и тие се едни од најниско платените работнички со 35 проценти пониска просечна плата од платата на државно ниво.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 8 мартдискриминацијаженистатистикаХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ