„Галиите“ на Груевски кои се дел од злогласниот проект Скопје 2014 кој чинеше околу една милијарда евра, конечно се демонтираат. „Галиите“ кои никогаш не отпловија, туку само беа уште еден симбол на заробеноста на државата и налудничавоста на режимот, се дивоградби, како и низа други апсурдни градби кои го нагрдија ликот на Скопје.
Нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014, вели Шилегов и додава дека институцијата со која раководи е единствената институција која досега има отстрането такви обележја.
„Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е наша јурисдикција. Ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како институции – носители во тој проект, да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземат, да ги отстранат дивоградбите наречени Скопје 2014“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.