• Latest

Се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“, опасните хемикалии под надзор

November 12, 2019

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“, опасните хемикалии под надзор

November 12, 2019 09:24
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот (8 ноември) кога во кругот на фабриката „ОХИС“ истече вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер, прецизираат надлежните, кои според Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци Екоцентар 97 ДООЕЛ, треба да вршат контроли и ако постапките не се спроведени согласно со законот и елаборатот за заштита на животна средина, ако утврдат пропуст, да бараат одговорност.

При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината. Истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство, посочија од Инспекторатот за животна средина.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече дека инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаат анализите од лабораторијата за да видат дали има преостанат ризик.  – Нема место за паника. Нема загадување на воздухот, истакна Нуредини и додаде дека нема место за паника и ситуацијата е под контрола.

Државниот инспектор за животна средина Пејо Кировски, кој бил на терен за овој случај, изјави дека се работи за излевање на течност при перење на цистерна која порано содржела метил акрилат мономер.

– При испирањето со вода дошло до протечување на вентилот и течноста е пролеана во танкваната или бетонската када, која служи во случај на инцидент да не дојде до излевање на површината на почвата и да не дојде до загадување на земјата и водата. Како резултат на тоа, од наша страна е дадено задолжение веднаш да се собере таа течност од танкваната, бидејќи се ширеше една миризба која малку ги вознемири граѓаните. Но, вечерта околу 20:30 часот тоа се беше завршено. Препокриена беше кадата со струготини од дрво, пилевина. Тие струготини наредниот ден, на 9 ноември, беа собрани и кадата беше дезинфицирана со варова вода, рече Кировски.

Тој информира дека на 9 ноември бил направен контролен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Одговарајќи на новинарско прашање колкаво количество било ослободено во воздухот, тој рече дека од страна на единица на АРМ било извршено испитување и се уште ги немаат добиено резултатите во Државнииот инспекторат за животна средина, а кога ќе ги добијат ќе кажат какви се концентрациите.

Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад од Министерството за животна средина изјави дека се работи за имот кој не му припаѓа на ресорното Министерство за животна средина, а доверителите распишуваат тендер и одлучуваат.

– Ние учествувавме само во еден дел, кога не консултираа на кој начин треба да се избере компанијата, односно кои се критериумите кои треба да ги задоволи компанија која може да се јави на тој тендер. Немавме никаква одговорност како Министерство за животна средина и просторно планирање во целата постапка, рече Каранфилова Мазневска.

Тие, како што појасни, ги дале насоките на кој начин теба да се избере компанијата, во смисла кои критериуми треба да ги исполнува генерално за да може да се јави на повик, но директно не учествувале во изборот на компанијата.

– Понатаму постапката, по изборот на компанијата, таа се обраќа до нас. Се изготви елаборат за оценка на влијанието врз животната средина, се издаде решение во кое се пропишани сите мерки и активности кои задолжително треба да се преземат од страна на правното лице кое е избрано да ја врши таа постапка. И тука е улогата на Министерството и на Државниот инспекторат за животна средина за да врши редовни контроли во инсталацијата, посочи Каранфилова Мазневска.

Во зависност од типот на дејноста што сакаат да ја вршат правните субјекти, тие се обраќаат до општините, Град Скопје или МЖСПП. Таа информира дека до нив се стигнати неколку барања за издавање одредени дозволи или елаборати за оценка на влијание врз животната средина за одредени компании кои во иднина би сакале да работат во кругот на „ОХИС“.

Во меѓувреме, управителот на Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци  Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, Владо Момировски истакна дека имаат 24-часовно чување со физичко обезбедување на цистерната со винил хлорид во „ОХИС“. Посочи дека обезбедено е постојано ладење, секојдневно мерење и се пишуваат извештаи за да се види дали се случува некаква хаварија кај винил хлоридот.

– Досега се нема случено ништо. Не можам да замислам што ќе се случело минатите 30 години кога немало никаво обезбедување и никаква контрола, посебно последните десетина години кога се растури компанијата АД „ОХИС“ и пред да дојде во стечај, рече Момировски.

Склучиле, како што појасни, договор со АД „ОХИС“ во стечај, со стечајниот управник, по решение на судот.

– АД „ОХИС“ е во стечај и при објавување тендер за продажба на имотот, објавен е и тендер за чистење на 11 заостанати хемикалии во АД „ОХИС“. Затоа што купувачот на АД „ОХИС“ во стечај треба да купи чист објект, со исчистени хемикалии. Ние конкуриравме со уште една компанија, дадовме најдобри услови и го добивме тендерот. Во тендерот беа пропишани строго условите, дека сите хемикалии предмет на проектот треба да бидат изнесени надвор од Македонија и компанијата што ќе учествува на тендерот да има или лиценци за управување со таков вид опасен отпад или да има склучен договор со меѓународна компанија која има такви соодветни лиценци. Ние ги исполнивме сите тие услови и го добивме тендерот, изјави Момировски.

Тој информира дека имаат склучено договор со македонска лиценцирана консултантска куќа за справување со опасен отпад „Екомозаик“ и од прв момент соработуваат со нив. Тие им изработиле елаборат и сите процедури ги спроведуваат по нивни упатства.

Ова е прв ваков проект во Македонија. Никој нема искуство со ваков отпад зошто е прв ваков проект и ние првпат работиме со ваков отпад, рече Момировски. Појасни дека се работи за 11 видови отпад распоредни на повеќе локации кои се оддалечени една од друга повеќе од 1,5 километри. Во тие 11 видови на отпад, како најопасни се хлорот и винил хлоридот.

– Хлорот е веќе отстранет и е надвор од Македонија, а другите девет се спакувани и спремни за извоз, во магацинот, по сите меѓународни прописи. Чекаме да добиеме конечна дозвола за извоз бидејќи дозволата опфаќа седум земји, низ сите земји кај што се поминува. Крајна дестинација е Швајцарија. Во моментот кога ќе ја добиеме дозволата, почнуваме со утовар и со изнесување на тие опасни материи. Досега спакуваните количини се од 65 до 70 тона и останува едно од најопасните жаришта, тоа е цистерната со винил хлорид за која се уште немаме конкретно решение, рече Момировски.

Посочи дека во летниот период кога добиле решение за елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на такви високи температури, над 20 степени не е препорачливо и не е законски дозволено, да се оперира со таков вид на опасен отпад, како што е винил хлоридот.

– Ниеден од нашите потецијални партнери, од Германија, Холандија, итн. кои ги контактиравме не сакаше ни да дојде да прави увид, а камо ли да прави преточување. Се додека не се направи увид, преточување во специјални садови и не се знае точна количина не можеме да почнеме постапка за добивање нотификација, т.е. дозвола за извоз и согорување. Само два инсенератори, печки што согоруваат опасни материи во Европа согоруваат винил хлорид. Винил хлоридот е исчистен во Европа пред 30 години и никаде го нема во употреба, дури и инсенераторите не поседуваат специјални филтри за согорување винил хлорид, рече Момировски.

Информира дека се она што е спакувано во специјални буриња, тоа не испарува, безбедни се и можат да стојат со години. Во магацинот има систем на ладење, мерење и мониторинг. Се друго што е надвор, на атмосферско влијание испарува и може да дојде до несакани последици.

Момировски вели дека се друго му било познато, освен проблемот со винил хлорид која, како што рече, е хемикалија која веќе 30 години ја нема никаде во Европа и не знаев со какви проблеми ќе се сретнеме, сега ми е јасно.

– Доста е комплексен проблемот и се надевам дека успешно ќе го решиме. Веќе со две компании имаме сериозни преговори и во наредниот период мислам дека успешно ќе го решиме, рече Момировски, најавувајќи дека јавноста ќе биде навреме информирана за сите активности со винил хлоридот.

Договорот, потенцира, треба да се продолжи на уште неколку месеци за да се реши винил хлоридот, сега е поволно, а не во тек на летото. Со тоа ќе бидат решени сите 11 хемикалии и проектот ќе биде затворен.

избор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ