Со 95 гласа за и 7 против, Собранието ја изгласа потребата за измена на Законот за попис по што претседателот на Собранието ги овласти претседателите на комисиите да закажат седници. Координаторот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи најави дека против одложувањето на пописот ќе предложат амандмани. Но дискусијата на комисијата за европски прашања е ограничена на три дена. Пратениците со 102 пратеници и ниту еден против или воздржан, ја изгласаа и потребата за измените во Изборниот законик. И овој закон се праќа ви понатамошна процедура во работните тела.