• Latest

СЕ најостро ја осуди руската агресијата врз Украина и изразува жалење што Русија ги користи правата на малцинствата како изговор за инвазијата 

May 23, 2022

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

СЕ најостро ја осуди руската агресијата врз Украина и изразува жалење што Русија ги користи правата на малцинствата како изговор за инвазијата 

May 23, 2022 15:40
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Советодавниот комитет за Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ), најостро ја осуди агресијата на Руската Федерација против Украина и „жали што руските власти користат прашања за правата на малцинствата како изговор за инвазијата“. Комитетот е длабоко загрижен за влошувањето на ситуацијата за меѓуетничките односи во Украина, јави дописникот на МИА.

Во соопштението за печатот на Комитетот,  усвоена на пленарната седница се изразува згрозеност од загубата на животи и човечките страдања предизвикани од војната, што ги погодуваат и лицата кои припаѓаат на националните малцинства во областите погодени од војната, внатрешно раселените лица и бегалците.

„Украина е мултиетничка земја, а најуништените региони на истокот и југот на Украина се дом на многу национални малцинства“, забележа Советодавниот комитет, придружувајќи му се на генералниот секретар на Советот на Европа во осудата на варварското насилство врз жените и децата.

„Советодавниот комитет е длабоко загрижен што војната ја влоши ситуацијата во Украина за меѓуетничките односи, продлабочувајќи ја недовербата меѓу лицата кои се идентификуваат како етнички Руси и мнозинското население. Ова ќе има влијание и врз оние лица кои се идентификуваат со други национални малцинства или како Украинци, но го користат рускиот како главен јазик на комуникација“, се вели во соопштението.

Агресијата не само што ги прекршува обврските на Русија според Статутот на Советот на Европа, туку е во спротивност со принципите на Рамковната конвенција и оваа контрадикција „не може да биде поостра“, нагласува Комитетот. Според Рамковната конвенција, заштитата на националните малцинства е составен дел од меѓународната заштита на човекот, а одредбите од Конвенцијата „ќе се применуваат со добра волја, во дух на разбирање и толеранција и во согласност со принципите на добрососедство, пријателски односи и соработка меѓу државите“.

Како последица на агресијата, Руската Федерација беше исклучена од Советот на Европа. Имајќи предвид дека Рамковната конвенција е отворена за земји кои не се членки, Руската Федерација останува договорна страна на оваа конвенција и, следствено, е обврзана со своите обврски и предмет на нејзината процедура за следење. Во овој контекст и околностите што го дозволуваат, Советодавниот комитет ќе продолжи внимателно да ги следи последиците од овие случувања врз лицата кои припаѓаат на националните малцинства во Руската Федерација.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ