Водостоите на најголем дел од реките во земјава се намалени во споредба со вчера, додека нивоата на трите природни езера се исти како вчерашните.
Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај село Јегуновце каде што нивото е за 20 сантиметри пониско од вчерашното. Најголемо зголемување на водостојот од 12 сантиметри има реката Црн Дрим на мерното место кај село Ложани.
Нивоата на трите природни езера, Охридското, Преспанското и Дојранското, се исти како вчера и се под просекот за месец јули.
Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од просечниот за овој период од годината, кај Преспанското е понизок за 1,87 метри, а кај Дојранското Езеро е понизок за дури 4,29 метри.
Извор: МИА