• Latest

Се носи нов закон и се враќа стар систем за набавки

June 9, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се носи нов закон и се враќа стар систем за набавки

June 9, 2019 10:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор К. Илиевски

– Највисок приоритет за идното одбранбено планирање е повторното воведување на процесите од системот на повеќегодишно планирање, програмирање, буџетирање и извршување (ППБИ) во одбраната.ППБИ повторно ќе претставува главна алатка за менаџирање со ресурсите во одбраната – стои и во новиот Стратегиски одбранбен преглед.

Министерството го воведе овој систем по препорака на НАТОуште во 2004 година, истовремено со земјите-членки, за огромните суми за купување оружје да ги распореди во неколку годишни буџети и полесно да ги планира набавките. По цела деценија запоставување и на буџетот и на неговото повеќегодишно планирање, ППБИ се враќа навреме за новата регулатива на набавките во одбраната, која за прв пат ќе биде регулирана со посебен закон.

Министерството за финансии, кое е предлагач на законот, нагласува дека овие набавки досега не биле уредени со посебен закон кој би бил во согласност со европските директиви.Досега, единствено споменување на набавките во одбраната и безбедноста во законската регулатива беа два исклучока од стариот, и десетина исклучоци во сегашниот Закон за јавни набавки, донесен неодамна.

– Основна цел на предлог-законот е да се усогласи националното право за јавни набавки со европското право, конкретно со Директивата 2009/81/ЕУ за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста. Со законот ќе се постигне поголема транспарентност и отчетност во спроведувањето на набавките кои имаат одбранбен и безбедносен карактер – посочува предлагачот во образложението за потребата за донесување на законот.

Една од главните новости кои ги носи нацрт-законот е објавувањето на набавките за одбраната. Членот 34 пропишува обврска известување за склучен договор задолжително да се објави на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), а огласите за доделување договор треба да се објавуваат секогаш, освен доколку се бара заштита на тајните или личните податоци. Предлог-текстот со посебен член предвидува заштита на информациите кога договорите за набавки вклучуваат, бараат или содржат доверливи информации.

И набавките на опрема ќе бидат огласувани на ЕСЈН, а ако е повисока од 400.000 евра, и во Службеното гласило на ЕУ.Законот има и друга сума како праг- ќе се применува за набавки од 20.000 евра за стоки и услуги и од 50.000 за работи.

Дури и со праг на примена, регулативата е исчекор напред во транпарентноста во трошењето на парите во одбраната. Досега ниедна набавка на оружје за АРМ, а до скоро ниту набавките на униформи и опрема, не била објавена. За потсетување, набавките и продажбите на опрема за АРМ досега произведоа неколку афери и судски случаи, во кои беа судени двајца поранешни министри и десетина високи цивилни и воени функционери во одбраната.

Попрецизни правила за набавки

Покрај тоа што ги прави повидливи набавките во одбраната, законскиот текст првпат предвидува и конкретни мерки за заштита на законитоста на постапката, параметри кои понудувачите мораат да ги исполнат, критериуми кои автоматски ги дисквалификуваат од учество на тендери, но и мерки кои треба да го спречат или барем намалат, влијанието врз процесот на одлучување.

Законот пропишува обврска службениците кои ќе утврдат незаконитост во набавката тоа веднаш да го пријават и им гарантира заштита, а забранува лица вклучени во крупни набавки, ако го напуштат Министерството, да се вработат, да стекнат удел или каква било корист од фирма која добила тендер. На лицата кои учествуваат во подготовка на набавките им се забранува да учествуваат и како понудувачи, а воведува и ограничувања во врските меѓу фирмите кои учествуваат во тендери.

Во тендерите мора да се наведат прецизни технички спецификации за опремата, но не такви што ќе упатуваат на конкретна понуда, како што се случуваше со низа јавни набавки во минатите години, особено во МВР. Техничките карактеристики, според нацрт-законот, мора да потекнуваат од пропишана стандардизација. Параметрите кои мора да ги исполнуваат компаниите, пак, треба да ја исклучат, или барем намалат, можноста тендерите да ги добиваат човек-фирми, пропаднати компании, „цвеќарници“-фирми чија основна дејност е нешто сосема друго или фирми поврзани со лица осудувани за кривични дела, чија листа е наведена во законот.

Нацрт-законот предвидува и мерки за поголема ефикасност и ефективност во набавките, меѓу другото и со пресметување на трошоци на животен век како критериум за набавката.

Според првата нацрт-верзија на текстот на новиот закон, тој ќе се применува за сите договори за набавка на воена и опрема од безбедносен карактер, и работи, стоки и услуги поврзани со таквата опрема. Листата на таквата опрема треба да ја утврди Владата.

Текстот, како и Законот за јавни набавки, предвидува можност купувањето опрема да се подели на делови кои ќе бидат регулираани со двата закони-цивилен и воен дел.

–  Одлуката дали да се спроведе единствена постапка или повеќе посебни постапки не смее да се носи со цел исклучување на примената на овој закон или на Законот за јавните набавки – стои во членот 5 од текстот, кој ги регулира комбинираните договори.

И повторно, исклучоци

Но, и овој закон предвидува исклучоци, кои остануваат во сферата на дискрециски права. Вкупно петнаесетина.

Законот нема да се применува за договори уредени со посебни процедури од меѓународни договори, набавки од влада на друга држава, набавки за сили стационирани надвор од земјата (единици во операции во странство), набавки со правила на меѓународна организација, како НАТО, која набавува за сопствени цели или за договори кои по тие правила мора да и се доделат на една земја-членка на организацијата. Законот нема да се применува ниту за договори кои би ја обврзале државата да достави информации кои би ги загрозиле „основните интереси за нејзина безбедност“. Апсолутен исклучок се договорите за опрема или услуги за разузнавачки активности. На процедура на јавни набавки нема да подлежат ниту плаќањата поврзани со истражување и развој на нова опрема и сите набавки поврзани со недвижности. Сепак, нацрт-законот ја обврзува Владата за сите овие набавки да донесе посебен годишен план.

Иако предвидува низа исклучоци, нацрт-законот се повикува на одредби во европската директива, кои се речиси идентични. Директивата ги правда исклучоците, меѓу другото, и со „чувствителноста на некои договори“, „потребите на разузнавањето“ и итноста во операциите надвор од сојузничка/територија на ЕУ.


Прочитајте повеќе:
Речиси 25 милиони евра за опрема која ќе се набавува долгорочно
И пензиите стануваат „трошоци на одбраната“
АРМ со нови „фондови“ за пензии и оружје и нови правила за трошење

Утре ќе читате: Допрва ќе следат трошоците за мисии во странство и членството во НАТО


Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската влада.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share57Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ