• Latest

Се обезбедуваат нови средства во Буџетот за поддршка на економијата

April 13, 2020
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се обезбедуваат нови средства во Буџетот за поддршка на економијата

April 13, 2020 08:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Домашната, како и останатите економии и натаму регистрираат штети од кризата со Ковид 19, а Министерството за финансии веќе изработува нови проекции за економскиот раст, кој според Светската банка и финансиските експерти годинава во државава ќе се намали за околу четири проценти. Владата тврди дека презема мерка за внесување пари во стопанството, но според опозицијата и стопанствениците досегашните мерки се недоволни и потребна е поголема финансиска инјекција.

Министерата за финансиии Нина Ангеловска вчера соопшти дека изработуваат проекции за економскиот раст, истакнувајќи дека очекува брзо опоравување на економијата откако здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа.

– Пред само еден месец проекцијата за економскиот раст беше 3,8 проценти, исто пред само еден месец Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидуваше раст кај 160 економии, а денес директорката на ММФ веќе изјавува дека се очекува пад кај најголем дел од економиите или кај 180 економии. Целиот свет се соочува со криза од непознат размер. Се предвидува дека во еврозоната рецесијата ќе изнесува над околу четири проценти,  рече министерката за финансии Нина Ангеловска, на вчерашната пре-онференција на која го појасни користењето на мерката за помош од државата со ислата на минимална плата од 14.500 денари.

Според Ангеловска, позитивна вест за економијата е дека оваа криза не е предизвикана од пад или нарушување на системот,  односно се рабпти за здравствена криза што се прелева во економијата и поради тоа се очекува поцесот на опоравување да биде побрз.  – Тоа на некој начин е позитивно, но секако се зависи од нас во однос на рестрикциите што ги преземаме како земја, за да го заштитиме здравјето и ја запираме економската активност, а сега ќе зависи од тоа какви ќе бидат условите, кога здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа за веќе да започнеме со опоравување, рече Ангеловска.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  пак, прогнозира дека негативните ефекти врз македонската економија предизвикани од пандемијата на Ковид 19 вирусот ќе предизвикаат  драматично зголемување на јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ и би можел да достигне  70 проценти од БДП.

Апелира да не се враќаат веднаш парите што ќе и бидат доделени на државава, со мерките за помош да биде вклучен и март како исклучително тежок од аспект на шокот кој го претрпуваат компаниите, како и да се релаксира фискалната политика.

Направеното досега влијае негативно и не е доволно за македонската економија и за реалниот сектор за да може да ги истрпи на нозе сите негативни ефекти од пандемијата, рече Мицкоски во видео обраќање.

Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии во владејачката СДСМ, пак, вчера порача дека мерките што Владата ги презема за справување со штетните последици врз економијата се навремени, сеопфатни и насочени кон оние кои се најпогодени од кризата со коронавирусот.

Владата,  потсети Битиќи, веќе прераспредели повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки со кои се опфаќаат 250.000 вработени и над 35.000 компании.

-Малите, микро и средни претпријатија покажуваат голема заинтересираност за бескаматните кредити.Досега одобрени се бескаматни кредити за 136 компании со 1.737 вработени. Поради големиот интерес за оваа конкретна помош, Развојната банка го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија, рече Битиќи.

За да ги зачуваме работните места, но и никој да не остане без приходи додека трае кризата, како што дополни,  Владата обезбедува 14.500 денари за сите вработени во погодените компании за  април и мај, а истата мерка се однесува и за заенаетчиите, спортските работници и самостојните дејности. Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат и помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен.

Меѓународниот монетарен фонд вчера и одобри на нашата држава финансиска поддршка од 176 милиони евра со каматна стапка од 1,05 проценти и рок на отплата од пет години со грејс период од  три години и три месеци.  Како што оцени гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, финансиската поддршка од ММФ за нас е од исклучително значење, како за спроведување на фискалните мерки, така и за обезбедување натамошен раст на девизниот потенцијал на нашата економија, односно за зголемување на девизните резерви.

– На овој начин се создава поголем простор за спроведување релаксирана монетарна политика и за обезбедување олеснети финансиски услови за кредитирање на погодените компании и граѓани, оцени гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Како што најави министерката за финансии, се очекува кредитна поддршка и од Светска банка, а почната е и постапка за издавање еврообврзница, процес кој би траел 40 до 60 дена. Министерството за финансии и Царинската управа работат и на анализа  по барањето на Стопанската комора да се изедначи цената на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата за дизелот. Решението што ќе донесе, тврди таа, нема да удри по џебот на граѓаните.

Против зголемување на акцизата на нафтените деривати се Сојузот на стопанските комори (ССК), превозниците, фармерите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на Буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните.

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк  во најновата анализа прогнозира пад од 3,8 проценти на економијата во државава годинава. Се очекува најголем интензитет во вториот квартал за кога се проектира намалување на БДП од 12.7 проценти, а следните квартали да забележат економска консолидација.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ