По речиси повеќе од една година, шаторите кои беа поставени пред Собранието на Република Македонија се собрани. Утрово екипа на градското комунално претпријатие го чисти шутот и остатоците кои зад себе го оставија демонстрантите од „Македонија блокира“.
Изминатата недела се помалку луѓе имаше во кампот, а до синоќа таму се наоѓаа само поставените шатори. Во одредени периоди имаше блокирање на самата улица од неколку десетици поддржувачи, а по последниот протест на „Македонија блокира“ беа поставени мали шатори на самите коловозни ленти.
Шаторите и натписите со кои се бараше оставка од Владата и зачувување на уставното име, повеќе ги нема, а нема ниту информација од партијата на Јанко Бачев, која стои зад организацијата на кампот.