„Сè што е добро направено во Македонија, од уставот, од референдумското прашање, ако сакате, примањето во Обединетите нации, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, е направено во еден момент наспроти мнозинското мислење на македонското население, барем мнозинското мислење. Како гест на политички одговорна елита, која се покажува подоцна дека е успешна и е добра за државата, добива и поддршка, но на почетокот знае да биде крајно турбулентно“, вели проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, во мега интервјуто за медиумската платформа на ЦИВИЛ.
„Белешки за македонскиот конституционализам, концепт на Уставот од 1991 година“ во издание на ЦИВИЛ, е нова книга на проф. д-р Данаилов Фрчкоски. Одличен повод за интервју со Авторот, што ќе фрли светлина на ова значајно издание кое доаѓа во критичен општествено политички момент за нашата земја.
Во интервјуто со овој врвен македонски интелектуалец и политички деец за медиумската платформа на ЦИВИЛ, ќе прочитате ексклузивни податоци за историјата на македонскиот конституционализам и за турбулентните денови на раѓањето на македонската независна држава, кога се создава и самиот Устав.
Д. М.