ВЕСТ НА ДЕНОТ: Се урива дивоградбата кај Мавровка
Почна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровска. Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата. Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
На прашањето на ЦИВИЛ, кое го постави на Фејсбук страницата – Дали новата Влада е проевропска?, коментираа стотина граѓан(к)и и најголемиот дел од коментарите се позитивни.
Со кратко „да“ одговорија 85 граѓан(к)и, додека со „не“ одговорија само тројца.
Суад Шаќири коментира: „Не знам дека постои некој што не е за ЕУ во РСМ“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во Приштина дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.
САД се горди што се сојузник со Северна Македонија во НАТО и ги поддржуваат нејзините аспирации за членство и во Европската унија, пишува американскиот претседател Доналд Трамп во честитката до претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста, 8 Септември.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.
Мевљудин Алити сопственикот на објектот што денеска се урива кај ТЦ Мавровка во изјава за медиумите тврди дека за објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари.
Обвинителството во Охрид достави до охридскиот суд обвинителен предлог против советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини и брат му, за напад врз Спире Топалоски пред хотелот Јуник во Охрид.
СЛОБОДНА МИСЛА
Џабир Дерала во колумната „Ликовите на македонскиот политички ситком“ пишува: „Апасиев, всушност, е комичен карактер. Но, тој е и тотален лажго и деспот – партијата што ја води, откако претходно направи сталинистичка чистка во неа – има сосема спротивен назив од тоа што навистина е“.
„Меѓу нас имаа и лица кои имаат поопасна и полоша попреченост, проблеми со хуманите, културните и цивилизациските вредности. Тие се способни да уништуват и тоа што повеќе актери во општеството го постигнале и го градиле. Со еден едиствен непристојен, нехуман и не цивилизациски чин знаат да бидат голема пречка за секого, а особено за лицата со посебни потреби“, коментира Арбен Зеќири во текстот „Лица со хумано-цивилизациски пречки, срам за градoт Тетово“.
Д. Муратов