• Latest

Сè уште не се гледа светло во политичкиот тунел на Бугарија

October 10, 2022
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Сè уште не се гледа светло во политичкиот тунел на Бугарија

October 10, 2022 12:48
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

И по изборен циклус тешко е да се види светло во политичкиот тунел во кој е влезена оваа земја членка на ЕУ. „Партиите само се преправаат дека се обидуваат да формираат влада. Тешката работа во оваа тешка зима со задоволство би му ја препуштиле на претседателот Румен Радев“, коментира политикологот Парван Симеонов од социолошката агенција Галуп интернешнал Балкан. „Ова е чекор кон слабеење на демократските институции во Бугарија, кои онака не се многу силни“, додаде Симеонов.

Бојко Борисов како лидер на победничката ГЕРБ се обидува да формира мнозинство врз основа на анти-Путин политики, за да го неутрализира лошиот имиџ на оваа држава во Европа која се препознава по голема поддршка во јавноста за политиките на Москва. „Да се ​​обидеме да ја смириме ситуацијата. Подготвен сум на какви било отстапки и компромиси“, изјави лидерот на ГЕРБ, Борисов.

ГЕРБ победи со нешто повеќе од 25 отсто од гласовите, но партијата се наоѓа себеси политички изолирана, бидејќи пратениците на двете партии кои би ја поддржале – ДПС и „Бугарски подем“ – не се доволни за формирање влада.

Проруската радикална партија Вазраждане, која се најде на четвртото место со околу 10 отсто од гласовите јавно се залага  за повлекување на Бугарија од НАТО и ЕУ што на Борисов му ја затвора вратата кон нив за евентуален обид да ја приклучи кон новото мнозинство. Борисов е сега на мака како да стигне до проевропските реформистички партии „Ја продолжуваме промената“ и „Демократска Бугарија“, иако тие не сакаат да преговараат со ГЕРБ поради, како што велат, нејзиното корумпирано минато.

За време на владеењето на ГЕРБ, Бугарија се заплетка во корупциски скандали а се случи голем пад на слободата на медиумите. Згора на тоа, Борисов беше осомничен за заткулисни врски со Кремљ околу изградбата на продолжувањето на гасоводот „Турски тек“ кон Србија и Унгарија, сметаат проевропските реформистички сили отфрлајќи ја понудата на Борисов за формирање на како што вели тој прозападна и проевропска, анти-Путин  влада во Бугарија.

Пред изборите, партијата „Продолжуваме со промените“ рече дека ќе преговара со ГЕРБ само доколку Борисов се повлече од лидерската позиција на партијата. Тој не е подготвен за овој потег и предлага да не се извршуваат официјални позиции на власт.

„Сега е најважно во Бугарија кој е на страната на Украина, а кој не. Ова нека биде првата тема за која јасно ги кажуваме нашите позиции. Три четвртини од бугарското население се за продолжување на евроатлантскиот пат на земјата“, рече Борисов.

Од проевропските „Ја продолжуваме промената“ и „Демократска Бугарија“ возвраќаат дека ова е демагогија на Борисов бидејќи токму тој ја урна нивната претходна владејачка коалиција и покрај нејзината активна проевропска политика и успехот во преговорите за укинување на ветото за европската интеграција на Македонија, наметнато за време на владеењето на Борисов што на Бугарија и донесе големи проблеми во односите со европските партнери.

„Ја продолжуваме промената“ и „Демократска Бугарија“ сега бараат од Борисов не само да не биде член во новата влада, туку и да се повлече од функцијата претседател на ГЕРБ. Само така, велат од овие партии, ќе може да се отвори пат за борба против корупцијата која меѓу другото е и  врата низ која Путин влегува во Софија.

„Ако кажеме дека корупцијата не ни е приоритет, тоа значи дека ќе крадеме или ќе толерираме кражба. … Тоа е огромната врата низ која влегува раката на Кремљ“, рече и Иванов.

„ГЕРБ треба да организира и преговарачки процес со ДПС (партијата на турското малцинство), и Вазраждане (радикално проруски ориентирана ), со кој ја соборија претходната влада со мандат за продолжување на промените. Ако не успеат, тогаш мандатот ќе дојде кај нас. Потоа ќе се обидеме да организираме преговори“, изјави во неделата претседателот на „Ја продолжуваме промената“ партијата, Асен Василев, за националното радио БНР.

„Дали ќе успее – се сомневам, бидејќи со ДБ и БСП немаме доволно пратеници. Ќе биде тешко да се состави нешто, но тоа не значи дека не треба да се проба“, додаде тој.


Авторот е уредник во НОВАТВ.МК

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ